Збеснат коњ трча во спротивна насока на автопатот Скопје-Тетово, не предизвика несреќа

Фото: Принтскрин од видео објавено на социјалните мрежи

Запрежна кола со збеснат коњ се движеше во спротивен правец, во најбрзата сообраќајна лента на автопатот Скопје-Тетово. Видео на социјалните мрежи го покажува исклучително ризичниот сообраќаен инцидент, којшто за среќа завршил без незгода. На видеото се гледа како полициски службеници подолго време се обидуваат, а на крајот успеваат да го застанат збеснатиот коњ.

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) засега не се објавени податоци за овој тежок инцидент во редовниот дневен билтен.

Инаку, вакви инциденти на македонските патишта не претставуваат невообичаена појава. Мрежните огради долж автопатите често пати се уништуваат од вандали, што доведува до тоа, животни да претрчуваат пред автомобилите и да предизвикуваат сообраќајни несреќи.

На македонските автопати не се изградени ниту соодветни премини за животните, што е вообичаена пракса во развиените земји.