fbpx
Таг: 27 април

таг: 27 април

Вал: Со одлуката за повреда на правата на новинарите за 27 април, Уставен придонесе за развој на демократијата

Амбасадорот на мисијата на ОБСЕ во Северна Македонија, Килијан Вал, го поддржа барањето на Уставниот суд да добие нов механизам за заштита на правдата – уставната тужба, а како европски стандард за заштита на слободата на говорот ја посочи одлуката за новинарите околу 27 април. Со оваа одлука, Уставниот суд директно придонесе за развојот на посилно демократско општество, кажа Вал...

Утврдена повреда на слободата на јавно изразување на Горан Трпеноски на 27 април 2017

Уставниот суд на денешната седница утврдил повреда на слободата на мислата и јавното изразување на мислата на новинарот Горан Трпеноски на основа на членот 110 алинеја 3 од Уставот. Според Судот, подносителот на барањето, какo новинар вработен во дигиталната редакција www.sdk.mk, заедно со други новинари, бил присутен во зградата на Собранието на 27 април 2017, со задача да известува за...

Стразбур пресуди во корист на Ристоски – повредено му било правото на слобода

Европскиот суд за човекови права пресуди дека има повреда на правото на слобода во определувањето на притворот на ексминистерот Спиро Ристоски, обвинет во предметот „Организатори на 27-ми април“ и за притворот на Митко Пешов осуден во првиот предмет за 27 април. За двајцата досудена е нематеријална отштета од по 750 евра. „Втора пресуда на Европскиот суд за човекови права, во која...

Одложено повтореното судење за „Организатори за 27 април“, ќе се бара амнестија

Повтореното судење за предметот „Организатори за 27 април“ денеска беше одложено, откако обвинителот рече дека од вкупниот број на поднесоци, три се однесуваат на примена на Законот за амнестија и нагласи дека по тие барања во моментот не може да се произнесе. Претходно, Апелациониот суд ја укина пресудата за овој предмет, со образложение дека Кривичниот суд сторил суштествени повреди, но...

Врховниот суд ги одби жалбите, остануваат затворските казни за осудените за „крвавиот четврток“

Врховниот суд ги одби како неосновани барањата за вонредно преиспитување на правосилната пресуда за обвинетите за случајот во јавноста познат како „27 април“. Ова практично значи дека во затвор останува поранешниот шеф на Бирото за јавна безбедност (БЈБ), Митко Чавков, осуден на 16 години в затвор. На казна затвор за упадот во Собранието беа осудени и Влатко Трајковски и...

Кривичниот суд контра Апелација: Да се истражи зошто предметите застаруваат

Основниот Кривичен суд од Скопје денеска излезе со соопштение, во кое се изразуваат критики во однос на работата на Апелацискиот суд, а откако повеќе судски предмети против високопрофилни лица застареа или пак беа вратени на повторно постапување. Првостепениот суд во писмото ги повикува медиумите и стручната јавност да анализираат каде и поради кои „суштествени повреди“ предметите со години чекаат...

Законот за амнестија на осудените од 27 април не помина, обвинувања кои пратеници не гласале

Откако пратениците од Собранието вчера не го прифатија предлог-законот за амнестија на осудените за „крвавиот четврток“ од 27 април 2017 година, денеска опозициските пратеници се расправаат зошто дел од нив не гласале за овој предлог кој беше поднесен од ВМРО-ДПМНЕ, по претходна иницијатива на адвокатите Јанаки Митревски и Драган Пешевски. На вчерашното гласање 58 пратеници гласаа „против“, додека 40 пратеници...

ВМРО-ДПМНЕ поднесе закон за амнестија за осудените за упадот во Собранието на 27 април

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на РСМ денеска поднесе предлог-закон, инициран од адвокатите Јанаки Митровски и Драган Пешевски, за целосна амнестија на лицата осудени за упадот во Собранието што се случи на 27 април 2017 година. „Овој предлог е само продолжение на претходниот закон за амнестија, кој е донесен во декември 2018 година, но со една голема и суштинска...

Скопска Апелација го укина притворот на Драги Рашковски и Трајко Вељаноски

Апелацискиот суд - Скопје вчера донесе одлука да ги укине куќните притвори на Драги Рашковски и на Трајко Вељаноски. Поранешниот генерален секретар на владата, Драги Рашковски и поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски ќе имаат обврска да се јавуваат во судот секој прв работен понеделник во месецот, а одземени им се и патните исправи и тие не смеат да ја...

Селективната правда за 27 април е неправда за граѓаните и новинарите, велат од ЗНМ и ССНМ

Новинарските организации велат дека 27 април 2017 година е симбол на неказнивост на нападите кон новинарите, запаметен како црниот четврток за новинарите во Македонија, кои беа нападнати за време на упадот во Собранието. На овој ден, во моментите пред изборот на нов претседател на Собранието, во организација на високи функционери од сегашната опозиција а тогашна власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ,...

Дваесет и пет години затвор за организаторите на насилствата во Собранието на 27 април

Кривичниот суд Скопје, ги прогласи за виновни обвинетите во случајот „Организатори на 27 април” и ги осуди на вкупно години 25 години затвор. Највисока казна против организаторите на упадот и насилствата во Собранието од 27 април 2017 година доби поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, кој е осуден на шест години и шест месеци затвор, а поранешниот министер за транспорт...

Мицкоски од претседателот Пендаровски барал можност да се достават дополнителни докази за осудените од 27 април

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по денешната средба со претседателот Стево Пендаровски, изјави дека не барал амнестија за осудените од 27 април 2017 година кои упаднаа во Собранието и физички ги нападнаа новоизбраните пратеници. Како што рече Мицкоски, на средбата остварена по негово барање, тој побарал осудените за нападот да можат да достават дополнителни докази до Врховниот суд или...

Апелациониот суд ги намали казните на осудените за „27 април“

Апелациониот суд Скопје ги намали за една до две години затворските казни на осудените за крвавиот четврток кои се товарат за делото „терористичко загрозување на уставниот поредок“ за инцидентот на 27 април 2017 година. Судот со тоа ја потврди првостепената пресуда за вина за стореното кривично дело, но и делумно ги уважи жалбите на обвинетите. Со преиначена пресуда, поранешниот шеф...

Иванов за насилствата на 27 април: Небулоза и дел од сценарио е дека сум сакал да прогласам воена состојба

Информациите дека на 27 април 2017 година планирал да прогласи воена состојба, поранешниот претседател на државата, Ѓорге Иванов на денешното сведочење во Основниот кривичен суд во Скопје рече дека се небулози и дека оваа теза е за негова дискредитација, пишува порталот 360 степени. „Сѐ што е поврзано со воена состојба произлезе од текст објавен во еден неделник, една недела пред...

Чавков за насилствата на 27 април: Немав контакти со Јанакиески и Ристовски, туку со луѓе вклучени во акцијата

Денеска во Кривичен суд продолжи судењето за нападите во Собранието кои се случија на 27 април 2017 година, а помеѓу сведоците беше и поранешниот шеф на Бирото за јавна безбедност (БЈБ), Митко Чавков, кој за овој случај веќе е осуден 18 години затвор. Тој на сведочењето рече дека немал никаква комуникација со поранешните министри Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, туку...

Јанкулоска нападите во Собранието ги гледала на телевизија, тврди ВМРО-ДПМНЕ не е организатор

Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска сведочеше за нападот во Собранието, којшто се случи на 27 април 2017 година. Таа во исказот пред судот изјавила дека дента кога се случиле нападите, била во партиското седиште до 17 часот и потоа заминала дома, од каде што на телевизија го следела нападот во Собранието. Јанкулоска во сведочењето исто така изјави дека...

Мицкоски: 27 април е чисто политички монтиран случај

Ниту Извршниот комитет ниту било кој член на ВМРО-ДПМНЕ е дел од организацијата на ова самоорганизирање на народот кој што се случуваше во тој период, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по сведочењето за нападите кои се случија во Собранието на 27 април. „Ова е очигледно дека станува збор за сериозен и жестоко монтиран политички процес. Политички процес кој што...

Русковска: Oдбраната не успеа да докаже дека Василевски не бил во седиштето на партијата на „27 април“

Денеска во Кривичниот суд продолжи судењето за обвинетите за организирање на нападите во Собранието на 27 април. Обвинителката Вилма Русковска смета дека одбраната не успеала да докаже дека Александар Василевски Нинџа не бил во седиштето на политичката партија. „Ако се погледат листинзите од движењето на Александар Василевски Нинџа, на тој ден, ќе се види дека едниот телефон бил исклучен некаде после...

Заев го посочи Груевски како главен организатор на насилствата во Собранието на сведочењето за 27 април

На денешното сведочење за насилствата во Собранието кои се случија на 27 април 2017 година, како сведок беше повикан и премиерот Зоран Заев. Прашан за случувањата тој ден, Заев истакна дека не мисли дека главни осмислувачи и организатори на настаните се Миле Јанакиески, Спиро Ристовски, Трајко Вељановски и другите присутни. „Според мои сознанија овие луѓе се изманипулирани од главниот организатор Никола Груевски....

Ѓорчев на сведочењето за насилствата од 27 април: Некој сакаше да се случат проблеми

Тој 27 април беше лош ден за Македонија. Кој е тој што доби, а кој изгуби? ВМРО-ДПМНЕ најмногу изгуби, а триесетина луѓе завршија на Голи Оток, рече на денешното сведочење за насилствата во Собранието на 27 април, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев. Според него, настаните на 27 април не биле исклучок туку голем план, бидејќи како што рече „некој сакаше...

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...