fbpx

Скопска Апелација го укина притворот на Драги Рашковски и Трајко Вељаноски

-

Апелацискиот суд – Скопје вчера донесе одлука да ги укине куќните притвори на Драги Рашковски и на Трајко Вељаноски.

Поранешниот генерален секретар на владата, Драги Рашковски и поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски ќе имаат обврска да се јавуваат во судот секој прв работен понеделник во месецот, а одземени им се и патните исправи и тие не смеат да ја напуштат државата.

Како гаранција за пуштање од притвор, Рашковски понудил износ од 192.980 евра, што се состои од стан во Скопје и недвижност во Струмица.

Гаранцијата што ја понудил Вељаноски за да излезе од притвор изнесува 209.791 евро, и тоа куќа од 320 квадратни метри и двор од 247 квадратни метри.

Рашковски е обвинет во случајот за набавката на софтвери за сообраќајни прекршоци и за биометриска идентификација. Судењето би требало да почне на 24 февруари.

Вељаноски е обвинет во случајот „27 април“, односно упадот и насилството во Собранието во 2017 година. Тој беше осуден на шест и пол години затвор минатата година во јули, но пресудата е обжалена на Апелација, која допрва ќе решава дали ќе ја прифати или поништи првостепената понуда.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...