fbpx
Таг: 27 април

таг: 27 април

Талат Џафери сведочеше за настаните од 27 април во Собранието, следното рочиште е на 16 октомври

Претседателот на Собранието, Талат Џафери денеска сведочеше за насилството што се случи на 27 април во парламентот. Тој, како што истакна денеска во Кривичниот суд, на 27 април имал смртен случај во семејството, починал брат му и затоа повремено доаѓал на седницатa. Оттука, поради тоа, немал лично сознание дали 31 пратеник доставиле писмо до претседавачот Трајко Вељаноски, кој е обвинет...

Новинари денеска поднесоа тужби против државата за нападите во Собранието на 27 април

Здружението на новинарите на Македонија потсетува дека на 27 април, пред три години се случи „крвавиот четврток“, каде поголема група поддржувачи на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ упадна во Собранието на Македонија, при што беа нападнати новинари, сниматели, пратеници и останати функционери. „Во име на одбележување на овој црн ден за демократијата и застапување на слободата на изразувањето и безбедноста...

Судот го прифати обвинението за организаторите на „Крвавиот четврток“

Основниот кривичен суд - Скопје информираше дека го прифатил обвинението за четири лица што се товарат за организација на насилниот упад во Собранието на 27 април 2017 година. На обвинителната клупа за „Крвавиот четврток“ ќе седнат поранешниот Претседател на Собранието Трајко Вељаноски, некогашните министри во владата на ВМРО - ДПМНЕ Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, како и екс -...

Митко Чавков го чека затвореното одделение во штипскиот затвор

Поранешниот министер за внатрешни работи, Митко Чавков, осуден за настаните од Собранието од 27 април 2017 година, се наоѓа во приемното одделение во Затворот – Штип. Ова го потврди директорот Мики Тодоров, кој најави дека Чавков таму ќе остане во наредните 20-30 дена, по што ќе биде сместен во затвореното одделение. Тоа, според објаснувањето на Тодоров, значи дека Чавков...

Протест за ослободување на Абдулфета Алими – „Правдата не е пазар“

Пред Кривичниот суд во Скопје попладнево под мотото „Правдата не е пазар“ се одржа протест против седумгодишната затворска казна на Абдулфета Алими, кој беше осуден на седум години затвор поради насилството во Собранието на 27 април 2017 година, пренесува „Порталб“. Демонстрантите се собраа на плоштадот „Скендербег“, а потоа тргнаа кон судот носејќи плакати со ликот на Алими и извици „Нема...

Анализа: Динамична недела во Македонија со апсења, судења и пресуди

Неделата започна со апсења за трагедијата за автобусот и проневера во разузнавачките служби а заврши со судска пресуда за тероризам. Од 18 неамнестирани обвинети за организираниот терористички напад на 27 април 2017 на Собранието на Република Северна Македонија, во петок (15.03.19) на вкупно 211 години затвор беа осудени 16. Оперскиот пеач Игор Дурловски, еден од водачите на групата протестанти „За...

Алими требаше да биде награден, а не осуден, велат од Алијанса за Албанците

Алијанса за Албанците најавува жалба до сите правни инстанци на пресудата со која вработениот во Собранието, Абдулфета Алими е казнет со 7 години затвор за упадот во Собранието на 27 април. „Казнувањето со 7 години затвор на Абдулфета Алими кој е познат како единствениот човек кој го спаси животот на лидерот на Алијанса за Албанците Зијадин Села ноќта на 27...

Јанушев: Пресудата е нарачана, монтирана и производ на неправда

Пресудата за судскиот случај за упадот во Собранието на 27 април според опозициската ВМРО-ДПМНЕ е резултат на политички монтиран процес и е производ на евидентна неправда. -Политички пресуди од вкупно 211 години затвор, се вика погребување на правото. Се потврди нашето тврдење дека казните ќе бидат драконски, не затоа што се праведни, туку спротивното, затоа што во овој случај се...

Обвинитетите за 27 април добија вкупно 211 години затворска казна, Чавков – 18 години

Митко Чавков доби највисока казна за настаните од 27 април и е осуден на 18 години затвор, а вкупната казна за шеснасетмината обвинети е 211 години затвор. Игор Дурловски е ослободен од обвинението. Митко Пешов е осуден на 15 години, Душко Лазаров на 15 години, Горан Ѓошевски – Леви на 15 години, Оливер Поповски на 13 години, Оливер Радулов на 10 години, Мунир...

Притворен Митко Чавков, ОЈО се сомнева дека сакал да избега

Поранешниот министер за внатрешни работи и директор на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков синоќа бил приведен и однесен во истражниот затвор во Шутка. Решението за одредување на мерка притвор се базира на службена белешка од сознанија добиени од негов пријател. Според оперативните сознанија на Бирото за јавна безбедност, Чавков има вила на Халкидики каде планирал да избега пред да му...

Македонскиот „усташ“, Игор Југ и сопругата бараат поддршка од Хрватите

Хрватскиот портал „7Дневно“ објави денеска статија за Игор Југ, објавувајќи и негова песна на хрватски јазик во која тој порачува дека е пред сè македонски а потоа и хрватски патриот и ја бранел Македонија. Како свои херои, во песната тој ги посочува Владо Черноземски, атентаторот на српскиот крал Александар Први Караѓорѓевиќ во Марсеј, Франција, во 1934 година, како и...

Почнува постапката за одземање на имунитетот на Трајко Вељаноски

Во 10.30 часот денеска ќе почне 12-тата седница на собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, на чиј дневен ред е само една точка - одземање на имунитетот на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Вељаноски, инаку долгогодишен претседател на Собранието, кој беше на чело на законодавниот дом до 27 април 2017, кога се случија суровите насилства и обиди за убиство...

Јанакиески и Ристовски во притвор, Вељаноски го спаси пратеничкиот имунитет

Во најновиот развој на случајот против учесниците во насилствата во Собранието на 27 април 2017 година, од вчера поранешниот министер за транспорт и врски и поранешен висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Јанакиески, потоа поранешниот министер за труд и социјална политика и за образование, Спиро Ристовски, од вчера се во притвор, додека поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, по распитот...

Спасовски: 27 април нема да се повтори

Во моменти кога се очекува финалното усвојување на уставните измени, во услови на тензични протести пред Собранието, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска од Радовиш директно не одговори на прашањето дали е можна ескалација на настаните, како на 27 април 2017 година, кога демонстрантите упаднаа во Собранието и беа брутално претепани повеќемина пратеници и новинари. -Треба да знае македонската...

Новинари најавија тужба против државата за „крвавиот четврток“

Најмалку 15 новинари, кои известуваа од македонското Собрание при насилниот упад и дивеењето на 27 април, најавија дека ќе поднесат тужба против Република Македонија за надомест на штета. Како што велат Горан Трпеноски, Душица Мрѓа и Боби Христов, иницијатори на тужбата, ќе биде тужена државата според членот 166 од Законот за облигационите односи – „Одговорност поради терористички акти, јавни демонстрации...

Обвинителствата дадоа позитивно мислење за уште четири амнестии

Основните јавни обвинителства, согласно пред некој ден изгласаниот Закон за амнестија, денеска до Основниот суд Скопје 1 доставиле мислења за преостанатите барања за амнестија и позитивно мислење дале само за четири од нив. Интересното е што Основното јавно обвинителство - Скопје, од 37-те барања се изјаснило позитивно само за едно, а другите ги оценило како неприфатливи. Основното јавно обвинителство за...

Мукоски, Василевски, Димовски, Арнаудов и Тарчуловски добија амнестија

Пратениците Крсто Мукоски, Сашо Василевски, Љупчо Димовски, Љубен Арнаудов и Јохан Тарчуловски се помеѓу првите обвинети што добија амнестија за крвавиот четврток на 27 април минатата година, пишуваат дел од медиумите. Покрај петте пратеници, амнестија е одобрена и за вработените во кабинетот на поранешниот претседател на Собранието, Елена Божиновска и Иван Цветановски, како и за обвинетиот Захарије Симовски, браќата Стефан...

Чавков не поднел барање за амнестија, смета дека е невин

Митко Чавков, поранешниот министер за внатрешни работи и директор на Бирото за јавна безбедност во времето на упадот и насилството во Собранието на 27 април 2017 година, не поднел барање за амнестија, според новиот закон. Рокот за ваквите барања истече вчера. Информацијата ја кажа утрово адвокатот Сашко Дукоски, бранител на Чавков, пред денешното рочиште за упадот во Собранието. Според Дукоски, Чавков...

До Кривичниот суд поднесени 12 барања за амнестија

До утрово до Кривичниот суд во Скопје се пристигнати 12 барања за амнестија од обвинетите за настаните во Собранието на Република Македонија од 27 април 2017 година Секој од обвинетите за „27 април" има право да поднесе барање за амнестија, ако смета дека ги исполнува условите пропишани со Законот. Петдневниот рок за доставување на барањата за амнестија истекува утре. Барањата обвинетите...

Обвинителката Вилма Русковска не е задоволна од Законот за амнестија

Јавната обвинителка Вилма Русковска по завршување на денешното рочиште за насилствата во Собранието на 27 април минатата година, рече дека таа како обвинител кој вложил многу труд и многу работа во предметот, но и како граѓанин не е задоволна од Законот за амнестија. Таа потенцираше дека нема да има преквалификација за тие обвинети што не се опфатени со амнестијата, затоа...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...