fbpx

Студентски марш: Брзи реформи, слепи студенти раѓаат!

-

Писмо со барања доставија студентите до Владата на Република Македонија на крајот на вториот студентски марш организиран од неформалната студентска организација „Студентски пленум“. И покрај притисоците, маршот беше масовен, со двојно повеќе присутни од првиот марш одржан на 17 ноември.

– Главниот аргумент во писмото е дека предлогот се коси со автономијата на Универзитетот. Ние сме против одборот за акредитација да биде избран од министерот. Во нацртот што го видовме, пишуваше дека екстерното ќе важи и за втор и за трет циклус на студии, што беше ново и мислам дека не е доволно објаснето зошто е потребна ваква мерка. Конкретни анализи каде образованието има слабости нема и мислиме дека ваква мерка мора сериозно да се обмисли. Ги повикуваме да нè поканат на дискусија каде би можеле да разговараме за мерките што би можеле да го подобрат образованието, а не само за моделот на државниот испит – рече Анастасија Петровска, која го достави писмото до Владата.

Студенти, средношколци, професори и родители се собраа пред платото на УКИМ точно напладне, со мирен протест да го искажат револтот од промените што Министерството за образование и наука сака да ги воведе во високото образование.

– Сите што сме собрани сме против промените кои ни претставуваат товар нам и на идните генерации. Не само што имаме можност, туку имаме и одговорност да реагираме. Со тоа што ќе се оценува нашето знаење надвор од универзитетски рамки, се урива автономијата на универзитот како високобразовна институција. Нашиот глас останува неслушнат, нè игнорираат како дел од академската заедница, како дел од општеството, како граѓани на Република Македонија. Нема да престанеме со борбата за нашите права за избор, за слобода, за достоинство. Сите тука сме обединети како едно бидејќи јавна тајна е дека кога сме единствени и обединети правиме промени. Нашата кауза е надетничка, надрелигиска, наднационална, натпартиска. Стоиме денеска само со индекси – рекоа од „Студентски пленум“ на почетокот на маршот.

Групата од околу 6.000 подржувачи на маршот се упати кон Собранието, а потоа и кон Владата на Република Македонија. Извикувајќи „Сега заокружи ме“, „Автономија“, „Ние сме студенти, не сме клиенти“, „Нема правда, нема мир“, „Веќе не се плашиме“, „Екстерно за владата“ , „Заедно сме посилни“ на македонски и на албански јазик, на мирен начин го искажаа незадоволството од предложените реформи.

– Брзи реформи, слепи студенти раѓаат. Ова се реформи кои се експериментални и последиците од истите ќе нанесат видна штета врз квалитетот на студентите. Колку повеќе заокружувања, толку повеќе аргументи, колку повеќе аргументи, толку порешителни – рекоа од „Студентски пленум“ пред Владата на Република Македонија.

С.А

 

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...