fbpx

„Студентски пленум“: Не стивнуваме и не се откажуваме

-

„Студентски пленум“ реагираше на донесувањето на Законот за високо образование. Тие на својата фејсбук-страница напишаа дека со тоа е погребана автономијата на универзитетите и идејата дека студентите се дел од ова општество.

„Универзитетот е на студентите, постои и се развива заради нив. Штотуку донесовте закон кој не само што ја погребува автономијата и самите универзитети, туку и идејата дека студентите се дел од ова општество. Ние сме иднината на Македонија, а вие денес ни го уништивте патот по кој ние треба да се издигнеме како граѓани.
Но, нема да ви дозволиме и не се откажуваме. Ја докажавме нашата чиста цел и одново ќе ја чуете, зашто студентите не стивнуваат!
Чувствуваме граѓанска одговорност да ја заштитиме слободната мисла. Авторитетите не смеат да бидат апсолутни и затоа: Ќе бојкотираме, ќе блокираме, ќе окупираме“, пишува на фејсбук-страницата на „Студентски пленум“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...