Сообраќајот се одвива отежнато, забрани за товарни возила на некои делници


       
Скопје, 28 февруари, 2018 - 9:07 (META) 

Сообраќајот утрово на државните патишта се одвива отежнато, со забрани за движење на товарни возила на некои делници.

Од 7.30 часот се укинати забраните за сообраќај на тешки товарни возила на планинските премини Буково и Ѓавато.

Забраните за сообраќај на тешки товарни возила на патните правци крак Маврово – Дебар, Кичево – Охрид преку планинскиот превој Пресека, Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража и Струга – граничен премин Ќафасан сè уште се на сила.

Сообраќајот на патните правци Крушево-Прилеп и Крушево-Демир Хисар поради обилни врнежи од снег се одвива отежнато во зимски услови и задолжителна е употреба на зимска опрема за сите видови на возила.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенцијата на дежурните служби на ЈП Македонија пат.

Врнежи од снег со слаб интензитет се бележат во Маврово, Смојмирово и на планинските превои Стража и Ѓавато.

Намалена видливост до 50 метри поради магла има на планинскиот превој Плетвар.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.