fbpx

Словенија денеска ќе го ратификува протоколот за членство на Македонија во НАТО

-

Словенечкиот парламент на вонредна седница ќе го ратификува протоколот за членство на Република Македонија во НАТО, информираат од македонското Собрание. Со тоа, Словенија ќе биде втората земја-членка на Алијансата која по Грција ќе го ратификува Пристапниот протокол во НАТО.

„Државниот збор на Република Словенија, денеска ќе има вонредна пленарна седница на која во 10:55 ќе се гласа за ратификацијата на протоколот за членство на Република Македонија во НАТО, со што ќе биде првиот национален парламент на земја членка на НАТО што по Република Грција ќе го отвори патот за следните национални парламенти“, соопштија од собраниската прес-служба.

Непосредно пред гласањето, пред пратениците на Државниот збор, ќе се обрати претседателот на македонското Собрание, Талат Џафери.

В четврток Пристапниот протокол треба да биде ратификуван и од албанскиот Парламент. Албанските медиуми јавија дека Протоколот за членство на Македонија во НАТО веќе добил зелено светло од Законодавно парламентарната комисија и оти во четврток е закажана седница на Парламентот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Столе Попов е добитник на наградата „Златен објектив“ за 2024 година

Столе Стојан Попов е овогодишниот добитник на наградата „Златен објектив“ која се доделува секоја година на 29 април по повод роденденот на Кинотека на Северна Македонија. Признанието „Златен објектив“ се...