fbpx

Скопје, Тетово, Битола и Кичево вечерва се задушуваат во смог

-

Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче, Тетово, Битола и Кичево вечерва се задушуваат во загаден воздух и во смог, а мерните станици поставени таму покажуваат многу високо ниво на канцерогените ПМ10-честички. Во Кавадарци загадувањето на амбиенталниот воздух е на високо ниво, а во Кочани и во Велес е на средно ниво.

На мерните станици во Карпош и во Центар освен многу високо ниво на ПМ10-честички, измерено е и многу високо ниво на честичките ПМ2,5.

Во 20 часот, на мерната станица во Тетово, концентрацијата на ПМ10-честичките изнесуваше 280 микрограми на еден кубен метар, што е речиси шестпати повеќе од дозволените 50 микрограми на еден кубен метар.

Во скопската населба Лисиче, во 20 часот беа измерени 250 микрограми, во Карпош – 330 микрограми, во Гази Баба и во Битола по 232 микрограми, а во Центар – 400 микрограми на еден кубен метар што е осумпати повеќе од дозволеното.

Доколку вредностите на канцерогените честички ПМ10 ја надминуваат дозволената вредност 10 дена по ред, тогаш од Град Скопје треба да ги прскаат улиците со калциум магнезум ацетат, Јавното сообраќајно претпријатие треба да воведе бесплатен јавен превоз, а Министерството за внатрешни работи да воведе возење на автомобилите по системот пар – непар.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...