Шпанското обвинителство бара притвор за претседателката на каталонскиот парламент


       
Мадрид, 9 ноември, 2017 - 20:27 (META) 

Шпанскиот државен обвинител побара од Врховниот суд на земјата да им одреди притвор на претседателката на каталонскиот парламент, Кармен Форкадељ и на тројца пратеници поради нивната улога во прогласувањето на независност на Каталонија, јавуваат шпанските медиуми.

Претседателката на каталонскиот парламент и петмина пратеници денеска дадоа исказ во судот во Мадрид. Тие се обвинети за бунт, поттикнување бунт и злоупотреба на јавни фондови.

Обвинителот побарал ослободување на двајца пратеници, но засега не е познато дали тоа е поврзано со одредени услови.