fbpx

Шилегов обвини дека Владата одбила барања за реконструкција на болници

-

Петре Шилегов ја обвини ВМРО-ДПМНЕ и притоа приложи документи од Владата со кои тој тврди дека неколку барања за обнова на здравствени установи и за набавка на медицинска опрема биле одбиени со едно исто образложение – да не се преземаат активности што создаваат нови финансиски обврски за буџетот.

– Лагите и лицемерието на Никола Груевски и на Никола Тодоров немаат крај. Последниве денови се растрчани низ државата и се расфрлаат со најави и со ветувања за медицинска опрема и за изградба на објекти во здравството. Но, нели, вистината е како шило. Ова се официјални документи од Владата што потврдуваат дека Груевски и Тодоров лажат и дека нивниот интерес за здравството и за здравјето на граѓаните е лажен и лицемерен – изјави Петре Шилегов.

Според Шилегов, барањата кои биле одбиени од Владата биле поднесени поради потреба од медицинска опрема за клиниката за кардиологија и за рентген-службата во општина Кривогаштани, за изградба на центар за хронични рани во геронтолошкиот завод „13 Ноември“ во Скопје, за реконструкција на Општата болница во Струмица, за изградба на амбуланта во Секирарци, за отворање пункт за итна помош во Идризово и за реконструкција на здравствениот дом „Здравје“ во Валандово. Сите барања, како што вели Шилегов, се одбиени со едно исто објаснување од Владата, поточно дека не треба да се преземаат активности кои создаваат нови финансиски обврски за буџетот.

– Ова е доказ за невиденото лицемерство на Груевски и на Тодоров. Едно зборуваат во јавност, друго се случува во заднина. Е, ова е вистинското лице на неодговорната власт на Никола Груевски – изјави Петре Шилегов, додавајќи дека на 11 декември ќе дојде одговорна влада, која како врвен приоритет ќе го има здравјето на граѓаните.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...