fbpx

Се водат 41 судски процес за дискриминација на Роми на граничните премини

-

Во македонските судови во моментов се водат 41 судски процес по тужби на граѓани од ромската заедница, на кои без никакво образложение и аргумент не им бил дозволен излез од земјава на граничните премини.

За овој проблем денеска во Министерството за внатрешни работи разговараа министерот Оливер Спасовски и претставници на повеќе невладини организации што ги застапуваат интересите на ромската заедница.

На средбата, како што изјави Спасовски, било разговарано за наоѓање механизми со кои треба да се надмине овој проблем и со кој ќе се намалат или ќе се искоренат тужбите што граѓаните од ромска националност ги поднесуваат поради дискриминација.

– Проблемот постои подолго време, а прашањата околу него веќе беа отворени во Собранието и во МВР. Сепак, тој кулминираше во последно време со поднесување тужби за дискриминација. Имено, се водат 41 судски процес за намалување на честа и на угледот, а веќе има изречено и правосилни пресуди кои се на товар на МВР и на државата – изјави Спасовски.

Тој истакна дека на денешната средба било заклучено дека до граничните премини треба да се достави соопштение за постапување на службениците на премините за да се постапува така што нема да се нарушува достоинството на граѓаните.

Спасовски додаде дека со ваквите постапки не се нарушува само достоинството и честа на граѓаните, туку и честа и угледот на Македонија како држава и дека овој проблем мора да биде надминат.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...