fbpx

Ристоска: Државата треба да заземе посериозен пристап во борбата против перењето пари

-

Македонија треба конечно да заземе посерозен пристап во борбата против перењето пари, кој треба да биде инклузивен и интердисциплинарен, изјави обвинителката на Специјалното јавно обвинителство, Ленче Ристоска, по отворањето на денешната меѓународна конференција за спречување на перење пари и финансирање тероризам, што се одржа во Скопје, во организација на Академијата за банкарство и информатичка технологија (АБИТ).

На конференцијата, покрај Ристоска, учествуваа и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, и директорот на Управата за финансиска полиција, Арафат Муареми.

– Пристапот треба да биде интердисциплинарен и треба сите активни чинители во општеството, како банкарскиот сектор, финасиските институции, така и обвинителствата, поддржани од полицијата, сите заедно да застанеме напред во борбата против перењето пари и финансискиот криминал – рече Ристоска.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во своето обраќање на конференцијата, истакна дека институциите задолжени за спроведување на законот треба и мора, со соодветен интензитет, да ја унапредуваат и да ја прилагодуваат својата подготвеност во борбата против перењето пари. Ова, рече Спасовски, особено се однесува на квалитетно кадровско екипирање, а логистиката во тие задачи, како што додаде, мора да дојде од експертската бранша.

Директорот на Управата за финансиска полиција, Арафат Муареми, рече дека во минатото имало многу случаи на перење пари и оти верува дека Управата, како инситуција, е подготвена да ги расчисти сите случаи.

Одговарајќи на новинарско прашање, Муареми рече дека финансиската полиција работи интензивно и активно на неколку случаи за кои јавноста наскоро ќе биде информрана. Тој не сакаше да коментира повеќе за случаите бидејќи, како што рече, тие се сè уште во фаза на предистражна постапка, додавајќи дека меѓу засегнатите има и политичари и бизнисмени.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЕУ воведе санкции кон Русија поради смртта на Навални

Вчера Европската Унија одговори на смртта на рускиот опозиционер Алексеј Навални со нови санкции, јавува ДПА повикувајќи се на дипломатски извори. Санкциите претходно ги најави шефицата на германската дипломатија Аналена...