fbpx

Путин и Ципрас не разговарале за финансиска помош за Грција

-

За време на денешните разговори, рускиот претседател Владимир Путин и грчкиот премиер Алексис Ципрас не разговарале за финансиска помош од Русија за Грција, изјавил портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

– Лидерите ја нагласија потребата од соработка на планот на билатералните инвестиции, но во контекст на вообичаените односи меѓу двете земји – изјави Песков.

Путин и Ципрас се состанаа во екот на проблемите што Грција ги има во преговорите со меѓународните кредитори за долг на Атина тежок 240 милијарди долари.

Пакетот меѓународна помош од кредиторите истекува кон крајот на јуни. Песков истакна дека е рано да се зборува за руска помош на Грција бидејќи Русија никогаш не добила такви барања од Атина.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...