fbpx

Протестот пред Собранието заврши мирно

-

Иако имаше неколку обиди за провокации од петнаесетина демонстранти, протестот за правда за Мартин Нешковски кој, наместо пред Владата, се одржа пред Собранието, заврши мирно.

На последниот обид на дел од демонстрантите да иницираат насилство, се спротиствија група активистки кои застанаа меѓу нив и полицијата.

Пред Собранието останаа уште десетина демонстранти кои седат на тревата и разговараат.

Дел од присутните го собираа отпадот и пластичните шишиња од тревата и од коловозот, но имаше и такви кои и покрај тоа што сообраќајницата беше пуштена, не им дозволуваа на возилата да поминат.

Поголемиот дел од специјалците и возилата на полицијата си заминаа.

Врз објектот на Собранието завршија неколку шишиња и јајца, но немаше посериозно повредени ниту полицајци ниту, пак, демонстранти.

Демонстрантите ги повикаа граѓаните и утре во 18 часот да им се придружат на мирен протест, но локацијата сè уште не е точно утврдена.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...