fbpx

Промоција на новиот воз во Кина: Македонија е земја благословена од сонцето

-

„Македонија, земја благословена од сонцето. Од оваа земја Александар Македонски почна дотогаш невидена кампања. Изгради империја која се протегаше во Европа, Азија и во Африка. Сонцето на слободата секојдневно е сведок на промените во оваа земја“, објави порталот „Фокс“.

Вака почнува промотивниот видеозапис кој вчера беше промовиран заедно со електромоторна патничка гарнитура во фабриката на компанијата ЦРРЦ во градот Џуџо, пред македонска делегација предводена од министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски.

Договорот со Македонија е потпишан на 24 јуни 2014 година. Ваков тип на воз првпат ќе има во Европа, се вели во видеозаписот.

Во видеопромоцијата се вели дека безбедносните стандарди целосно се почитувани, а возот е просторен, има изолација на звуци и удобност за безбедно патување. Возот е еколошки и не загадува.

– За пазарот во Македонија развивме поинаква стратегија. Влеговме на пазарот и мислам дека ќе имаме и други можности за да учествуваме во напорите на земјата да го надгради железничкиот транспорт – вели Занг Минју, потпретседател на ЦРРЦ.

Возот е со три вагони со капацитет од 200 патници и можност за брзина до 160 километри на час. Новите патнички возови ќе имаат вкупен капацитет од 1.200 патници, што ќе покрива 60 проценти од линиите што ги одржува „МЖ – Транспорт“. Треба да бидат климатизирани, опремени со вакуумски тоалети, да ги задоволуваат најстрогите мерки за енергетска ефикасност, да ги исполнуваат безбедносните стандарди, како и условите за превоз на лица со ограничено движење.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...