fbpx

Приватните станоиздавачи од Охрид ја оспоруваат забраната за издавање апартмани во станбени згради

-

Предложените измени од Министерството за економија во Законот за угостителска и туристичка дејност, со кои се забранува вршење туристичка дејност, односно издавање апартмани, станови и соби на туристи во станбени згради, не се прифатливи за приватните станоиздавачи од Охрид.

Денеска, станоиздавачите ќе остварат средба со претставници на локалната самоуправа од Охрид.
Предлог-измените, од нив беа примени со неверување, бидејќи тие купија стотици и стотици станови, кои ги прилагодија за издавање на туристи.

На тоа печалеа и градежниците и инвеститорите, кои од Охрид направија град во станбена експанзија.

Станбени згради никнуваа на секоја можна локација, на најголемиот број од старите згради беа доградени по еден или два ката, додека кај СРЦ „Билјанини извори“ никнува нов град за 15.000 жители.

Станоиздавачите од Охрид веќе имаа првична средба со претставниците на единицата за локален економски развој, а истовремено побараа поддршка и од пратениците од Охрид во Собранието на Република Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...