!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

Прифатени два амандмани на ВМРО-ДПМНЕ на комисиската расправа за буџетот


       
Скопје, 6 декември, 2017 - 14:45 (META) 

На амандманската расправа за предлог-буџетот за 2018 година, пратениците прифатија два амандмани поднесени од ВМРО-ДПМНЕ, која и денеска не присуствува на расправата, а отфрлени се осум.

Прифатените амандмани се со изменет текст и се однесуваат на субвенции за печки на пелети и за ТИР-зоната во Куманово.

Според пратеникот на СДСМ, Јован Митревски, прифаќањето на овие амандмани на опозицијата значи дека власта сака да биде конструктивна и да соработува со нив.

– Предложените амандмани ги делиме на добри и на лоши, а не од кого се предложени. Потребно е да се разгледат добрите предлози и за нив да се одвојат пари од предлог-буџетот – рече Митревски.

Пратениците треба да расправаат уште за 269 амандмани.

По паузата на комисијата, амандманската расправа ќе продолжи во 15.15 часот.