Предлог-законот за финансиска поддршка на инвестициите денеска на собраниска комисија


       
Скопје, 4 април, 2018 - 10:11 (META) 

Предлог-законот за финансиска поддршка на инвестициите денеска ќе се разгледува на седница на Комисијата за економски прашања на Собранието, која започнува во 13.30 часот.

Овој предлог-закон овозможува државна финансиска поддршка за нови инвестиции и нови подобро платени работни местa, технолошки развој и внесување на иновации на компаниите, со што ќе се зголеми конкурентноста на македонските компании, а целта е да се зголеми извозот и да се постигнат повисоки стапки на економски пораст.

„Со Законот се овозможува примена на мерките од првиот и вториот столб од Планот за економски пораст, усвоен од Владата во декември 2017 година.  Планот за економски пораст е креиран во соработка со Стопанските комори, академската заедница и невладиниот сектор, се организираа повеќе активности и јавни трибини на кои се дискутираше за мерките од планот, а Законот со кој се планира да се имплементират мерките беше јавно достапен на увид на целата јавност и преку Единствениот електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР)“, информираат од Влада.