fbpx

Пратениците го изгласаа Законот за Специјален јавен обвинител

-

Со 111 гласа „за“ од присутни 114 пратеници, изгласан е Законот за Јавно обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.

Свое излагање на пленарната седница имаа пратениците Петре Шилегов, Илија Димовски, Павле Трајанов, Солза Грчева, Роза Топузова-Каревска, Беким Фазлиу, Лилјана Поповска и Талат Џафери.

Пратениците членови на работните групи кои се предлагачи на овој закон изразија задоволство што конечно ќе се сврти нов лист и ќе се почне истрага за масовното прислушување.

Пратеничките Солза Грчева и Роза Топузова-Каревска рекоа дека не се задоволни од законот, затоа што, според нив, тој нема да промени ништо.

Наскоро треба да почне седницата на Комисијата за избори и именувања, на која Катица Јанева ќе биде предложена за специјален јавен обвинител. Доколку членовите на комисијата го прифатат предлогот, тој ќе се достави до пратениците, кои на пленарна седница треба да го потврдат и да му препорачаат на Советот за јавни обвинители да ја избере Јанева за специјален јавен обвинител.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Столе Попов е добитник на наградата „Златен објектив“ за 2024 година

Столе Стојан Попов е овогодишниот добитник на наградата „Златен објектив“ која се доделува секоја година на 29 април по повод роденденот на Кинотека на Северна Македонија. Признанието „Златен објектив“ се...