!На 1 февруари 2017 година, заврши промотивниот период на слободно користење на содржините на „Мета“. Во периодот што претстои го воведуваме новиот систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително

Почна изградбата на спорната сообраќајница на Кеј 13 Ноември во Скопје


       
Скопје, 18 март, 2017 - 16:28 (META) 

Почна изградбата на спорната сообраќајница, која ќе го пресече шеталиштето на Кеј 13 Ноември, во центарот на Скопје. Како што пренесува „СДК“, утрово градежни работници почнале да ги вадат плочките од шеталиштето, а поставена е и заштитна ограда.

Сопствениците на околните угостителски објекти, како што пренесува порталот, изненадени од тоа што за време на викенд се почнува со градежни активности, побарале објаснување, но добиле штури одговори од ангажираните работници.

Угостителите се јавиле и во Општина Центар, но и оттаму не добиле никаков одговор.

„Се јавивме во Општина, бидејќи Андреј Жерновски лично ни вети дека додека е тој градоначалник, улицата нема да се гради, но таму никој не се јавува. Нема кој да ни објасни што се случува“, се пожалиле тие и најавиле протест.

Порталот „Нова ТВ“ пишува дека со договорот за градење на зградата на „Телеком“, инвеститорот „Дивелоп груп“ имал обврска да изгради подземна сообраќајница. Но, по изградбата на зградата, тогашното раководство на Општина Центар со градоначалникот Владимир Тодоровиќ, го сменило деталниот урбанистички план и наместо подземна, предвидена е надземна сообраќајница.