петок, 12 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: Кеј 13 Ноември | 14 резултати

Улицата на Кејот 13 Ноември ја гради приватен инвеститор, реагира Град Скопје

април 30, 2017

Градот Скопје не ја гради пристапната улица со посебен сообраќаен режим на Кеј 13 Ноември и не е надлежен да интервенира, се вели во реакцијата на градската администрација. „На посочениот простор треба да се изгради пристапна улица од страна на приватен инвеститор кој склучил договор со Градот Скопје, уште во времето кога градоначалник бил Трифун […]

Инспектор на Општина Центар побарал да запре иградбата на улица на кејот, изведувачот одбил

април 30, 2017

Овластен инспектор за градежни работи на Општина Центар побарал да запрат градежните работи за изградба на улица на Кејот 13 Ноември, кои почнале рано утринава, но изведувачот одбил да запре со работа и продолжил со градење, информираат од Општината. „Овластениот инспектор на Општина Центар, по налог на градоначалникот Андреј Жерновски, утринава пристигна на градилиштето на […]

Нов обид за изградба на улица на Кејот 13 Ноември

април 30, 2017

На кејот на Вардар од утрово има нов обид да се продолжи со изградба на бесмислената улица, а овластениот градежен инспектор на Општина Центар веќе се упати на местото, соопшти утринава преку својот фејсбук-профил, градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски. „По веќе добро познатото сценарио, избран е ден – недела, пред празник, продолжен викенд, рано наутро, […]

ВМРО-ДПМНЕ: Не гласавме за улица на кеј, СДСМ да отстапи од тиранската платформа

март 21, 2017

ВМРО-ДПМНЕ има целосно разбирање за волјата на граѓаните и затоа не гласаше против одлуката за запирање на изградба на улицата на Кејот 13 Ноември, се вели во партиското соопштение. „Единствено ВМРО-ДПМНЕ бара Општина Центар своите одлуки да ги носи во согласност со законските прописи во државата. ВМРО-ДПМНЕ бара и СДСМ да има разбирање за волјата […]

Богдановиќ: Го спасивме кејот, нема да се гради улица во центарот на Скопје

март 21, 2017

„Го спасивме кејот на реката Вардар во центарот на Скопје. Нема да се гради улица за приватни интереси на бизнис-партнери на Никола Груевски“, вели претседателот на општинската организација на СДСМ во Центар, Саша Богдановиќ. – Кејот останува шеталиште со зеленило, отворен за сите граѓани. Ќе добие и урбанистичка опрема, клупи, фонтани, жардиниери… Успеавме да го […]

Советот на Општина Центар ја стопираше изградбата на улица на кејот на Вардар

март 20, 2017

Советот на Општина Центар на денешната вонредна седница со 12 гласа „за“ ја стопираше одлуката за изградба на улица на кејот на Вардар. Наместо улица со посебен режим на сообраќај, Советот на Општина Центар донесе одлука со која на шеталиштето се предвидуваат клупи, жардиниери и корпи за отпадоци. За одлуката не гласаа советниците од редовите […]

Општина Центар ја стопираше изградбата на спорната улица на кејот на Вардар

март 19, 2017

Градежен инспектор на општина Центар, по налог на градоначалникот на општината, Андреј Жерновски, денеска наредил стопирање на градежните работи за изградба на спорната улица на Кејот 13 Ноември. „На градилиштето нема информативна табла кој е инвеститор, изведувач и надзор, нема податоци за одобрена техничка документација и одобрение за подготвителни работи. Целата оваа документација е неопходно […]

Општина Центар: Во ДУП никаде не постои улица на кејот, Трајановски ги крши законите

март 19, 2017

Град Скопје, под чија ингеренција е кејот, донесе незаконска одлука да го узурпира шеталиштето и да направи сервисна улица, која според актуелниот детален урбанистички план (ДУП) никаде не постои, велат од Општина Центар. „Вчера, Град Скопје и ВМРО-ДПМНЕ повторно се обидоа да ги кршат законите и да ги манипулираат граѓаните, кои мора да ја знаат […]

Град Скопје: Ние не носиме ДУП и не ја градиме улицата на Кејот

март 18, 2017

Град Скопје не е институцијата што го донела деталниот урбанистички план и не ја гради сообраќајницата на Кејот 13 Ноември, се вели во реакцијата на Град Скопје на прес-конференцијата на претседателот на општинската организација на СДСМ во Центар, Саша Богдановиќ. Од Градот велат дека изјавите на Богдановиќ се невистини и манипулации и дека темата околу изградбата на […]

Почна изградбата на спорната сообраќајница на Кеј 13 Ноември во Скопје

март 18, 2017

Почна изградбата на спорната сообраќајница, која ќе го пресече шеталиштето на Кеј 13 Ноември, во центарот на Скопје. Како што пренесува „СДК“, утрово градежни работници почнале да ги вадат плочките од шеталиштето, а поставена е и заштитна ограда. Сопствениците на околните угостителски објекти, како што пренесува порталот, изненадени од тоа што за време на викенд […]

Страна 1 од 1