fbpx

Почина професорот Димитар Мирчев

-

Почина Димитар Мирчев, македонски универзитетски професор, професор Емеритус по политички науки, редовен член на Европската академија на науки и уметности во Оделот за општествени науки, право и економија и поранешен амбасадор на Република Македонија во Словенија.

Мирчев е роден во Сливен, во 1942 година. Основно и средно образование завршил во Скопје, а високо на Правниот факултет во Белград. Специјализирал методологија на општествени науки на Универзитетот во Брадфорд, Велика Британија, магистрирал во Скопје, на политички науки, на тема „Изборниот процес во Англо-саксонските земји“. Докторирал на Факултетот за општествени науки на Универзитетот во Љубљана, на тема од политички науки, „Критика на граѓанските теории на партиципацијата“, а бил и на пост-докторски претстој на Школата за јавни работи и меѓународни односи на Универзитетот во Питсбург, САД.

Димитар Мирчев извршуваше важни функции во политичкиот живот на Македонија, беше основач на Младата демократска странка, на Македонскиот совет на Европското движење и еден од обновувачите и член на Либералната партија на Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...