fbpx

Општина Тетово ќе продолжи да го помага Центарот за аутизам во Тетово

-

Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, го посети здружението на албански психолози кое работи на евиденција и на едукација на деца со аутизам во рамки на Центарот за аутизам, а финансиски е поддржано од Општина Тетово.

– Денеска сум во посета на еден проект, што почна како идеја на психологот Миген Хамзаи, за евиденција и за работа со деца со аутизам. Со оваа идеја психолозите дојдоа кај мене и ние, нормално, скромно го поддржавме тимот за да можат да функционираат. Поддршката и понатаму ќе продолжи. Исто така, разговаравме со училиштата, да може да се направи евиденцијата. Нашите анализи покажуваат дека проектот напредува, ние ќе се обидеме уште повеќе да го поддржиме, но би сакала да ги повикам и другите институции, особено надлежните министерства, за уште повеќе да го професионализираме односот кон овие деца – рече Арифи.

Здружението има евидентирано и работи со 25 деца со аутизам. Го водат седум психолози. Едукацијата ја посетуваат деца со аутизам од албанска и од турска етничка припадност. Но, како што рече градоначалничката Арифи, услугите на здружението можат да ги користат и другите етнички заедници, затоа што различните јазици не би преставувале пречка да се одвива професионално едукацијата на децата со аутизам.

– Јазикот не е пречка. Имајќи го предвид фактот дека овие деца треба да проговорат, јазикот не е пречка. Важно е да ги кажат првите зборови – истакна Арифи.

Но, за новинарите кои известуваат на македонски јазик, јазикот беше пречка да добијат изјава од Здружението на албански психолози, од каде изјава за медиумите дадоа само на албански јазик.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...