fbpx

Најмногу дожд наврна во Маврово и во Дебар

-

Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврнал во Маврово – 30 литри на еден квадратен метар, потоа во Лазарополе – 19 литри, во Дебар – 14 литри и во Пожаране – 10 литри на еден квадратен метар, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Скопје-Петровец и во Куманово наврнало еден литар на еден квадратен метар, во Претор, Тополчани, Охрид и во Прилеп – 2 литри, во Крушево – 3 литри, а во Тетово и во Скопје, на Зајчев Рид измерени се 4 литри дожд на еден квадратен метар.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. На места ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер, а можна е ретка појава на град. На повеќе места врнежите ќе бидат обилни, особено во задните делови од земјава, каде се очекува да наврнат околу 60 литри на еден квадратен метар. Ќе дува умерен, повремено и силен ветер од јужен правец, кој повеќе ќе биде изразен во јужните и во западните делови од земјата. Максималната температура ќе биде во интервал од 17 до 25 Целзиусови степени.

Утре времето ќе биде променливо облачно, со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. На места врнежите ќе бидат поројни, проследени со грмежи и со засилен ветер, во форма на невреме и со услови за изолирана појава на град. Нестабилноста ќе биде позастапена во источните делови на земјава.

В четврток врнежите ќе бидат со слаб интензитет, а на повисоките планини ќе преминат во снег. Променливо облачно и врнежливо ќе се задржи и во наредните денови, а температурата ќе биде во опаѓање.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...