fbpx

МВР: Демонстрантите го пробија кордонот, полицијата не примени присила

-

Министерството за внатрешни работи демантира дека вчера полициските службеници ангажирани на протестот на „Шарена револуција“ употребиле средства за присила или димни и шок-бомби.

Од МВР велат дека група од 50 до 60 граѓани вчера во 16.30 часот почнале со ненајавен протест пред Министерството за финансии, а потоа во 19.45 им се приклучила друга група, која дошла од пред СЈО.

„Откако беа блокирани демонстрантите на улица Македонија, истите се поделени во групи и повеќепати се обидоа да го пробијат кордонот кај Градски ѕид, со туркање и со влечење на полициските службеници поставени во кордонот. Во 21.30 часот, групата демонстранти пред Министерството за финанси се упати кон улица Македонија, при што со употреба на физичка сила кон полицискиот кордон успеа да го пробие кордонот. По пробивањето на кордонот, демонстрантите дејствуваа со боја и фрлија пиротехнички средства (факел) кон Министерството“, велат од МВР.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...