fbpx

МВР демантира дека прислушува политички партии

-

Министерството за внатрешни работи денеска ги демантираше тврдењата на Оливер Андонов од ВМРО-ДПМНЕ дека МВР прислушува членови на раководство на некоја опозициската политичка партија.

„Тоа не е точно. МВР ги отфрла како целосна невистина наводите изнесени во јавноста од една политичка партија. Времето на злоупотреби на МВР за партиски цели заврши со промената на власта. Во Министерството за внатрешни работи следењето на комуникациите се одвива исклучиво во согласност со процедурата пропишана во постојните законски и подзаконски акти“, наведува МВР во демантот.

Од МВР истакнуваат дека во Собранието на Република Македонија постојат две надзорни комисии чија функција е вршење надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање и над примената на ПИ-мерките и дека комисиите во секој момент можат да извршат надзор и контрола над примената на овие мерки.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...