fbpx

МНР: Избегнувајте го центарот на Париз поради најавените протести

-

Министерството за надворешни работи на Македонија ги потсетува македонските граѓани кои планираат да патуваат во Париз дека на 8 декември е закажан протест и притоа предупредува да се избегнуваат одредени места во централното градско подрачје.

„Во тој период МНР препорачува да се избегнуваат местата во централното градско подрачје – плоштадите Конкорд и Бастиља, Триумфалната капија, Елисејската палата, Националното собрание“, пишува Министерството за надворешни работи во објавата на својата „Фејсбук“ страница.

Од МНР посочуваат дека граѓаните во итни случаи можат да ја контактираат амбасадата на РМ во Париз на телефонскиот број 0033680080890.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...