fbpx

Убавицата на Хондурас пронајдена мртва

-

Две тела, за кои полицијата смета дека се на носителката на титулата „мис Хондурас 2014“ и на нејзината сестра, беа најдени закопани во близина на бањското одморалиште каде исчезнаа пред шест дена, рече вчера директорот на националната полиција на Хондурас.

Полицијата чека потврда од судскиот вештак дека телата се на Марија Хосе Алварадо (19) и на сестра ѝ Софија (23), рече генералот Рамон Сабилјон. Двете жени биле смртно застрелани.
Уапсени се Плутарко Руиз, момчето на Софија, и еден соучесник, Арис Малдонадо, рече Сабилјон. Двете сестри последен пат биле видени минатиот четврток, во одморалиштето во Санта Барбара, на околу 400 километри западно од Тегусигалпа, каде отишле да го прослават роденденот на Руиз.
Алварадо (19) беше крунисана за убавица на Хондурас во април и требаше да се натпреварува на изборот за светска убавица во Лондон следниот месец. Требаше да замине за Лондон во неделата. Сабилјон рече дека Руиз ја однел полицијата до местото каде биле закопани телата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Столе Попов е добитник на наградата „Златен објектив“ за 2024 година

Столе Стојан Попов е овогодишниот добитник на наградата „Златен објектив“ која се доделува секоја година на 29 април по повод роденденот на Кинотека на Северна Македонија. Признанието „Златен објектив“ се...