fbpx

Министерство за култура: На националните установи нема да им се менува фасадата

-

Министерството за култура најостро ги демантира информациите дека постојните фасади на националните установи Македонска опера и балет и Национална и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ во Скопје ќе добијат барокен изглед.

Од Министерството за култура овие информации ги оценуваат како паушални и невистинити и велат дека станува збор за национални установи чии објекти се изградени според конкретни идејни решенија во втората половина на минатиот век и нивниот изглед е автентичен, па поради тоа нема да има никаква промена на фасадите на овие објекти.

„Министерството за култура континуирано вложува во унапредување на условите во сите установи од областа на културата, а меѓу многубројните проекти, во моментов во тек е целосната обнова на големата сала во Македонската опера и балет, како и проектот за реконструкција на објектот на НУБ „Свети Климент Охридски“, како и целосна обнова на читалните во оваа установа“, пишува во соопштението на министерството.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...