fbpx

Меркел: На Германија ѝ е важна европската перспектива на БИХ

-

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска во Сараево оцени дека БИХ има европска перспектива, но под услов, политичарите сериозно да си ја сфатат можноста која на оваа држава ѝ ја дава новата иницијатива на Европската унија.

– Европската перспектива на сите држави во регионот ни лежи на срце. Но, целиот регион може да просперира само со развој на БИХ – порача Меркел по разговорот со претседавачот на Советот на министри на БИХ, Денис Звиздиќ, и со членовите на Претседателството на БИХ.

Меркел нагласила дека на Германија ѝ е важна иднината на БИХ на европскиот пат и дека заедно со соседите, треба да работи на инфраструктурно поврзување на регионот.

На крајот на посетата, таа се сретна со претставничките на Здружението „Мајки на Сребреница“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...