fbpx

Македонците во странство првпат ќе гласаат во Абу Даби

-

На овие предвремени парламентарни избори, првпат ќе биде отворено гласачко место за македонската дијаспора во Абу Даби, во Обединетите Арапски Емирати, одлучи Државната изборна комисија на вчерашната седница.

Поради големиот број пријавени гласачи од странство, ДИК вчера одлучи да се отворат две гласачки места во Венеција и три во Берн. Според информациите од ДИК, за гласање во Берн, Швајцарија, се пријавиле повеќе од 4.000 македонски државјани, додека во Венеција – речиси 3.000.

Инаку, повеќе од  20.500 македонски државјани во странство ќе можат да го остварат своето право на глас на предвремените парламентарни избори закажани за 11 декември.

Гласачки места со повеќе од илјада пријавени во дијаспората има и во Детроит и во Њујорк, САД, во Мелбурн, Австралија, и во италијанскиот главен град, Рим.

За дополнителните избирачки места допрва ќе се формираат избирачките одбори.

Претседател и заменик-претседател на овие избирачки одбори се вработени во амбасадите и во дипломатско-конзуларните претставништва во земјите каде се отвораат овие места, а другите членови се предложени од партиите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...