fbpx

Коцијанчич: Ванхауте е само посредник, а ставовите на ЕУ ги презентира Орав

-

Ставовите на белгискиот олеснувач Питер Ванхауте не се ставови на Европската унија, изјави за „Мета“ портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич, одговарајќи на прашање дали ЕУ планира да го замени посредникот бидејќи ВМРО-ДПМНЕ не сака повеќе да соработува со него.

– Улогата на Ванхауте е посредник кој дава техничка експертиза. Претставник на ЕУ во земјата е амбасадорот Аиво Орав, кој е овластен да зборува во име на ЕУ – рече Коцијанчич.

Портпаролката потсети дека амбасадорот Орав е копотписник на писмото што вчера е испратено до премиерот и оти во него јасно се презентирани позициите на ЕУ и на САД.

Американскиот амбасадор Џес Бејли вчера ја соопшти оцената на ЕУ и на САД, според која не се создадени услови за одржување на предвремени избори на 24 април.

Во писмото се повикуваат властите да создадат услови за одржување на изборите, во најкраток можен рок.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...