fbpx

Канческа-Милевска: Обвинувањата на СЈО се „рекла-кажала“, сè е чисто како солза

-

Министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, денеска на прес-конференција, која се одржа веднаш по прес-конференцијата на Специјалното јавно обвинителство, од Музејот на македонската борба порача дека информациите што ги пласирало СЈО биле „трач муабети“ и рекла-кажала“.

– Сите инфрормации што денеска ги објави СЈО се паушални и немаат никаква врска со вистината. СЈО пред два дена ја доби целата документација и не направиле никаква анализа на документите. Сакам да кажам дека Музејот на македонската борба е проект на кој сум исклучително горда и жално е што нашата благородна идеја за еден ваков проект се става во заложништво на политички маркетинг, кој е во функција на предизборието. Денешната прес-конференција е очигледно дел од однапред подготвено сценарио, кое има цел да го оцрни работењето на Министерството. Тоа нема да го дозволам, бидејќи сите вработени во него чесно и посветено си ја вршеле својата работа. Сè е невистинито и измислено и одговорно ги отфрлам во целост обвинувањата, со кои СЈО сака да стави дамка врз моето работење и врз работењето на другите вработени во Министерството за култура – рече Канчевска-Милеска, која во текот на прес-конференцијата покажуваше и цитираше документи кои, според неа, ја докажуваат легитимноста на секоја етапа од изградбата на објектот.

Канческа-Милевска истакна дека набавката за која СЈО обвинува, не се однесува за изградба на Музејот, туку за партерно уредување. Таа рече дека транспарентноста е целосно испочитувана и дека не е повреден Законот за јавни набавки.

Министерката додаде дека целиот проект е законски направен и дека сите предмети се „чисти како солза“ од првиот до последниот документ.

Канческа-Милевска ги повика новинарите да направат увид во целосната документација за случајот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...