fbpx

Јанчев: Добивам закани по живот, Мицкоски ме уверува дека не се од ВМРО-ДПМНЕ

-

Досегашниот потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен градоначалник на Кавадарци, Митко Јанчев, синоќа не дојде на гостувањето на „Телевизија 24“, бидејќи, како што рече, добил закани по живот на неговата сопруга ако се појави во емисијата. Тој потоа телефонски се вклучи и објасни што се случило.

– Последниот месец дена константно добиваме закани на „Фејсбук“ и по СМС. Меѓутоа денеска добивме закана по телефон на мојата сопруга и тоа беше причината да сакам да останам вечерва со семејството. Јас имам пријавено во полиција. Пред референдумот имав закани дека ако излезам, ќе цитирам: На Јанчев во сон му се јави татко му и му рекол дека ако гласа за брзо време ќе се видат. А, мојот татко е починат од 2005 година. Ми се чини дека „Фејсбук“ ботовите се лажни ботови, а за СМС пораките се пријавени броевите така да очекувам да се откријат. Сум разговарал за ова со Мицкоски и сега пред 5 минути, тој ме уверува дека не е од негова страна и од страна на ВМРО-ДПМНЕ и би сакал да верувам во тоа. Би сакал моето семејство да може да функционира нормално – рече Јанчев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...