fbpx

Хрватски експерти: Владата не одговори на најважните прашања за Куманово

-

Во Македонија постои континуитет на кризни ситуации во кои, од една страна, постепено дошло до зајакнување на авторитарната власт, но, од друга страна, цивилната сцена е пообединета од кога и да е, оценуваат хрватски експерти за ХРТ.

Експертот за безбедносни прашања Влатко Цвртила вели дека настаните во Македонија на почетокот ѝ одговараа на владејачката гарнитурата затоа што го одвлекуваа вниманието од реалните проблеми во земјата.

– Инцидентот на караулата веќе покажа дека постојат тензии, а фактот што властите дадоа толку малку информации за сè, говори многу. И сега нема одговор од каде тие структури влегле во земјата, зошто не се запрени. Настанот го окупираше вниманието на нацијата, а Владата не даде одговори што требаше да ги даде, па веројатно е дека тешко ќе остане на власт – изјави Цвртила.

Активистот за човекови права Горан Божичевиќ не ја исклучи можноста за вонредна состојба во Македонија и се согласува дека власта оставила многу неодговорни прашања.

– Се плашам дека владејачката гарнитура нема стратегија, ним не им е опција да заминат, тие ќе направат сè за да останат – вели Божичевиќ.

Според експертите, загрижува и тоа што во Македонија постојат особено силни групи на организиран криминал, кои ја користат ситуацијата и отвораат можности за илегални имигранти да влегуваат и да минуваат низ одредени територии, криминалните групи може да соработуваат со властите, нивните платеници се особено моќни и контролираат делови од земјата и можат да преземат различни акции.

Цвртила нагласи дека Македонија не напредува во процесите за приближување кон ЕУ и оти сегашната ситуација ѝ одговара на власта, но не и на граѓаните.

– Во Македонија владее големо незадоволство – незадоволни се и Албанците и Македонците и Србите. Загрозени се од клиентилизмот, економската ситуација, но тоа не е основа за обновување на етничкиот конфликт, затоа што играњето со етничките конфликти е многу опасно и би можело да ја избрише Македонија – смета Цвртила, додавајќи дека трансформацијата на Македонија ќе биде долга и оти е неопходна меѓународна присутност.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...