!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

Хојт Ји: На Србија ѝ дадов совет, не ултиматум


       
Вашингтон, 7 ноември, 2017 - 10:37 (META) 

Пораката Србија да не седи на две столчиња беше совет, а не ултиматум, рече заменик-помошникот на американскиот државен секретар, Хојт Брајан Ји, на собирот за Балканот во Центарот за меѓународни односи во Вашингтон, пренесува „Гласот на Америка“.

Тој нагласи дека тоа што го кажал, иако изгледало нетактично, го рекол во контекст на напредокот на Србија кон Европската Унија.

– На конференција во Белград пред една недела, можеби невнимателно ја употребив српската поговорка дека не може да се седи на две столчиња, но тоа беше во контекст на совет за Србија како побрзо да оди кон ЕУ. Тоа не беше ултиматум или предупредување – изјави тој, спомнувајќи ја Црна Гора како пример за брзо приближување кон ЕУ.