fbpx

Груевски го информирал Тобијас Зек за политичката ситуација во Македонија

-

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ  Никола Груевски денеска на Малта имал средба со германскиот пратеник од редовите на ЦСУ, Тобијас Зек, кој е потпретседател на ЕПП во Советот на Европа, и со него разговарал за политичката криза во Македонија.

„Груевски го запознал соговорникот за најновите политички случувања во Македонија, за изборната измама што поразениот СДСМ ја направил со прифаќањето на тиранската платформа по изборите, со револтот кај граѓаните заради оваа голема изборна измама, обидот за ставање на мнозинството Македонци во опозиција наспроти мнозинството Албанци во власта, намерите за редефинирање на државата наспроти волјата на народот, со нарушувањето на правилото за коалицирање на победникот со победник, кое беше воспоставено по барање на ДУИ и на меѓународната заедница и барањето на ВМРО-ДПМНЕ  и на коалицијата за брзи предвремени парламентарни избори заедно со редовните локални избори, со што би се дала можност на гласачите да се изјаснат за платформата која криминалецот Заев ја прифати за да се спаси од одговорност за сторените кривични дела и барање мито на компаниите“, стои во партиското соопштение.

Во соопштението се наведува дека Груевски на средбата потенцирал дека сите досега преземени чекори од ВМРО-ДПМНЕ се во согласност со демократските принципи и пракси, но и дека постои зголемена тензија кај населението кое веќе 30 дена без прекин масовно протестира против оваа платформа.

Освен за политичката криза, на средбата се разговарало и за можните ризици од нова мигрантска криза. Груевски, како што наведуваат од партијата, потенцирал дека се додека ВМРО-ДПМНЕ управува со земјата, границите на Македонија ќе бидат заштитени.

 

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...