fbpx

Граѓаните со протест пред Собранието побараа оставка од министерот Тодоров

-

Додека во Собранието во тек е расправата за интерпелација на министерот за здравство, Никола Тодоров, пред Собранието граѓани и активисти со извиците „Оставка“ и „За Тодоров затвор“ потестираа против лошите политики во здравството.

Тие побараа од министерот Тодоров да поднесе оставка од функцијата и да преземе политичка и морална одговорност.

– Мора да има одговорност за системот кој убива, наместо да лекува! Ние, граѓаните, сме свесни дека неговата оставка нема да ја врати малата Тамара, ниту, пак, ќе ги врати сите оние што го изгубија својот живот во лавиринтите на здравствениот систем. Но, во исто време сме свесни дека мора да направиме сѐ за да ги спречиме новите жртви на смртоносните реформи на Тодоров и за да добиеме здравствен систем кој квалитетно и ефикасно ќе се грижи и ќе ги лекува пациентите. На граѓаните им треба министер кој нема да го користи нивното здравје за потребите на дневните партиски политики. Министерот за здравство Никола Тодоров во својот мандат остави наследство од загубени и од уништени животи – рече Адриана Селмани од граѓанската иницијатива „Ајде“.

Демонстрантите кои носеа транспаренти „Време е за одговорност Тодоров“, „Нашите животи не се твои партиски поени“, „Сакаме систем кој лечи, а не убива“ пуштија аудиоснимки од изјави на Тодоров за случајот со малата Тамара и дел од говорите и од изјавите со кои министерот за здравство во јавноста се бранеше за своето работење.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Димитров: Грција и Северна Македонија постигнаа договор во Преспа, не се враќајте назад

При полагањето на заклетвата, претседателката Гордана Сиљановска Давкова ја испушти придавката „Северна“ и рече само „Македонија“, и покрај тоа што истиот ден потпиша официјална заклетва под уставното име на...