Екипите на Град Скопје во текот на изминатата ноќ фрлиле 103 тони сол на градските булевари и улици за да спречат појавување на голомразица, информира градската администрација.
Екипите на зимската служба со 10 возила интервенирале низ градските сообраќајници и на критичните точки, односно на сите мостови, клучки, надвозници, подвозници и во високите зони кон Водно, Пржино, Железара, како и на сите други таканаречени „црни точки“ во градот.
Градот Скопје им препорачува на возачите да возат внимателно и да се прилагодуваат на условите на коловозите.
Оттаму до граѓаните апелираат куќните совети и сопствениците на деловните објекти да се придржуваат до законската обврска за чистење на снегот од приодите до нивните објекти.