This page was exported from Meta.mk [ http://meta.mk ]
Export date: Wed Nov 14 11:10:25 2018 / +0000 GMT

Филипче: Министерството за здравство го поништи тендерот за набавка на реагенси




Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека на тендерот за набавка на тестови и реагенси за биохемиски, имунолошки, хематолошки, коагулациони и гасни анализи со отстапување на потребната опрема (анализатори) на бесплатно користење за потребите на Јавните здравствени установи, се јавил само еден економски оператор кој има недостатоци во поднесената документација.

- Интензивно работевме на евалуација на понудата од моментот на нејзиното отварање. Првичната евалуација укажува на недостатоци во поднесените документи од страна на економскиот оператор. Токму затоа Министерството за здравство донесе одлука дека тендерот треба да се поништи. Истовремено сметаме дека во овој случај и за овој тендер е некоректно да се склучи договор, иако Законот за јавни набавки дозволува да се склучи договор со една фирма понудувач - рече Филипче.

Тој ги  повикува компаниите кои работат во оваа сфера, да работат на намалување на цените на реагенсите и до 15-20 проценти колку што е пазарната вредност.

Од ВМРО-ДПМНЕ реагираа дека „десетици милиони евра се делат на фирма формирана пред четири месеци, која како прва зделка добива тригодишен монопол на лабораториските испитувања“.

Post date: 2018-07-23 11:01:00
Post date GMT: 2018-07-23 09:01:00
Post modified date: 2018-07-23 12:49:45
Post modified date GMT: 2018-07-23 10:49:45

Powered by [ Universal Post Manager ] plugin. MS Word saving format developed by gVectors Team www.gVectors.com