Собранието ја усвои завршната сметка за ланскиот буџет

-

Собранието денеска ја усвои завршната сметка за буџетот за 2017 година. Во експозето за завршната сметка, министерот за финансии Драган Тевдовски посочи дека иако Владата се соочила со брзорастечки јавен долг оставен од претходната власт, успеала да го стави под контрола, како и дека се направени клучни промени во системот на јавните финансии со зголемување на транспарентноста.

Тевдовски посочи дека кога Владата дошла на власт во јуни 2017 година заткенала брзорастечки јавен долг, кој од 1,5 милијарди евра во 2008 година е зголемен на 4,7 милијарди евра во 2016 година. Тој рече дека од претходната влада се наследени доспеани, а неплатени обврски насекаде низ системот. Министерот истакна дека изминатата година успешно се управувало со јавниот долг и како резултат на тоа во 2017 година, за првпат после девет години, јавниот долг како процент од домашниот бруто-производ (БДП) е намален.

По доаѓањето на власт на сегашната влада, рече министерот, економскиот раст во втората половина од 2017 влегол во позитивна зона, со стапка на раст од 0,7 проценти. Приватната потрошувачка и извозот во текот на минатата година пораснале, додека невработеноста се намалила на 22,4 проценти.

Во однос на приходите во буџетот, министерот посочи дека имало солидна наплата и дека таа била повисока во однос на претходната година за 6,1 проценти. Во однос на расходите, тој истакна дека редовно се покривале сите обврски на државата.

Министерот за финансии посочи и дека минатата година капиталните расходи се реализирани на историско највисоко ниво во износ од 19,86 милијарди денари, и се за 2,89 милијарди денари повисоки во однос на реализацијата во 2016 година. Одлична реализација имале ИПА-проектите.

Буџетскиот дефицит е реализиран во износ од 16,86 милијарди денари или 2,7 проценти од БДП. Тоа е за 1,71 милијарди денари помалку од проектираното со буџетот.

Не е точно дека Министерството за образование нуди бесплатни курсеви по англиски јазик за сите

Целта на вака креираната невистинита најава е да се генерира интернет сообраќај, односно да се убедат што поголем број корисници да пристапат до страниците коишто се рекламираат. Оваа објава...