ЕУ ќе го финансира енергетското поврзување со Албанија со 12 милиони евра


       
Брисел, 22 февруари, 2016 - 13:55 (META) 

Европската унија ја потврди својата намера да обезбеди 12 милиони евра за поддршка на изградбата на првиот далновод за електрична енергија помеѓу Албанија и Македонија, за воведување на подобрувања на ефикасноста на мрежата, во рамки на инфраструктурата на МЕПСО.

Коридорот Исток – Запад за пренос на електрична енергија треба да ги поврзе пазарите на Бугарија, Македонија, Албанија, Црна Гора и на Италија.

Проектот е дел од агендата за поврзување на Западен Балкан, со финансирање обезбедено од Програмата за предпристапни фондови (ИПА), преку Програмата за инвестирање на Западен Балкан (ПИЗБ).

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) веќе има одобрено кредит од 37 милиони евра за овој проект, со кој ќе се поттикне регионалната интеграција на пазарите за енергетика на Западен Балкан.