fbpx
Македонија Страница 1996

Македонија

Пожарот во „Јан Амос Коменски“ бил од заборавена греалка?

Пожар во работилница во подрумските простории избувнал утринава во Основното училиште „Јан Амос Коменси“ во Скопје. Командирот на скопската Противпожарна бригада, Благоја Менковски, за новинската агенција „Мета“ изјави дека веднаш било реагирано и пожарот е ставен под контрола. - Во работилница во подрумската просторија на училиштето, најверојатно...

Попладне ќе врне

Денеска времето во Македонија ќе биде облачно, со повремени врнежи од дожд. Во попладневните часови, на места, врнежите ќе бидат пообилни, некаде достигнувајќи и повеќе од 30 литри на квадратен метар. Ќе дува умерен југоисточен ветер. Температурата ќе се движи од 6 до 14 Целзиусови степени. Во...

СДСМ: Со Велјановски и со Груевски, демократијата и слободата во Македонија имаат 365 лоши денови

Евидентна и лесно воочлива е конфузијата на спикерот Трајко Вељаноски, стои во соопштението на СДСМ, по реакцијата на претседателот на Собранието, во која тој тврдеше дека и опозициската партија сакала да не се верификуваат мандатите на пратениците. „Зарем човекот кој држеше брифинзи со новинари и...

Груевски и Вајгл разговараа за евроинтеграциите

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, денеска оствари средба со известувачот за Република Македонија во Европскиот парламент, Иво Вајгл. Соговорниците размениле мислења на повеќе теми од областа на европските интеграции на нашата земја и за реформите и за чекорите што се реализираат во насока...

Вељаноски: Зошто на Дескоска никој не ѝ кажал дека и СДСМ не сакаше да бидат одземени мандатите

Македонскиот законодавен дом ќе функционира единствено и само врз основа на правните прописи, реагира претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, на обвинувањата од СДСМ дека тој противзаконски не им ги потврдил оставките на мандатите на пратениците од оваа партија. „Енигма е зошто на госпоѓа Десковска досега не ѝ кажале дека...

Под лупа загадувањето и климатските промени во Источна Македонија

Присуството на фосфор и на нитрити во реките во Источна Македонија, останува да биде главен проблем. Во водите на реката Брегалница има повеќе од дозволеното присуство на кадмиум, манган, олово и на бакар. Поради тоа, состојбата со водите не може да се оцени како...

Субвенционирани авиолетови од Охрид до лондонскиот аеродром „Лутон“

Советот на Оопштина Охрид на денешната седница ја усвои одлуката за субвенционирање евтини авиолетови од аеродромот „Свети Апостол Павле“ во Охрид. Средствата се лимитирани на 36 милиони денари и ќе се исплаќаат директно од буџетот на Општина Охрид, на четири рати, и тоа во 2015 година...

Пронајдениот череп во Виница е многу стар?

Човечкиот череп кој случајно беше откриен при ископ во Виница е даден на вештачење. Дополнителни анализи треба да ја покажат староста на лицето на кое му припаѓа, полот и времето кога било закопано. Постојат индиции дека черепот многу време се наоѓал на местото. Основното обвинителство...

Ристовски: Да не се искористуваат студентите

Да не се доведуваат студентите во заблуда и никој да не ги искористува за други цели кои не се директно поврзани со високото образование, изјави денеска заменик-министерот за образование и наука, Спиро Ристовски, кој присуствуваше на промовирањето на проектот за енергетска ефикасност во општина Кривогаштани. -...

СДСМ: Јавното обвинителство да покрене постапка против Трајко Вељаноски

Да го направеше тоа што му го налага Уставот, да ги констатира оставките на опозициските пратеници, Трајко Вељаноски ќе ја спречеше целата оваа пародија што се случува во Собранието, се вели во реакцијата на СДСМ. „Пратениците од опозицијата побараа да не им бидат верификувани мандатите,...

Ќе се гради црква посветена на Василиј Велики, Григориј Богослов и на Јован Златоуст во скопски Мичурин

До Меѓуградската автобуска станица во Скопје, во населбата Мичурин, денеска почна изградбата на нов храм посветен на тројцата светители, Василиј Велики, Григориј Богослов и Јован Златоуст. Храмот е ивестиција на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Камен-темелникот го освети поглаварот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан.

Жељко Јоксимовиќ и Зоран Милески и официјално нови кумови на Водици – 2015 во Охрид

Здружението на граѓани „Богојавление“, денеска и официјално ги избра новите кумови за манифестацијата Водици – 2015, во Охрид. Како што претходно веќе беше неофицијално објавено, тоа се балканската музичка ѕвезда Жељко Јоксимовиќ и бизнисменот Зоран Милески. Еден од кумовите, скопскиот бизнисмен Милески, кој четирипати досега...

ВМРО-ДПМНЕ: Пратениците од СДСМ да ги вратат платите

За една година, 31 пратеник од СДСМ и од коалицијата ќе земат повеќе од 24.180.000 денари. Тие за тоа, пак, не почувствуваа одговорност да се појават на своите работни места, се вели во соопштението од владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ. „Еден пратеник од СДСМ за една година ќе...

На 28 декември, протестна забава за спас на ГТЦ

Иницијативата „Го сакам ГТЦ“ за зачувување на автентичноста на Градскиот трговски центар во Скопје (ГТЦ) на 28 декември ќе организира голем протестен настан со мотото „Во новата година со стариот ГТЦ“. Претседателката на Асоцијацијата на архитекти, Сања Раѓеновиќ-Јовановиќ, вели дека секогаш ќе стојат во одбрана на...

Атрактивна програма на Вевчански карневал – 2015

Познатиот Вевчански васлиличарски карневал, догодина донесува атрактивна програма и првпат досега ќе биде дел од заедничката манифестација „Богојавление – Водосвет“. Градоначалникот на Вевчани, Цветомир Угриноски, вели дека веќе се потпишани договорите со главните изведувачи и дека се прецизира целокупната програма за претстојното карневалско издание. - На 12...

Охрид во аранжманите на најексклузивни светски туристички оператори

Македонската туристичка и летна културна мека, Охрид, се најде во туристичките аранжмани што ги нудат најексклузивни туристички оператори од светот, за 2015 година. Најчесто, тој е дел од понудата за балкански тури, во кои Македонија се нуди во туристички пакет со Косово и со Албанија,...

МРТВ мора да има институционална автономија

Клучната задача на јавниот радиодифузер е да биде простор во кој ќе биде овозможено претставување на различните идентитети и наоѓањето на нивните заеднички поврзувачки елементи. Идеалниот модел на јавен радиодифузен сервис мора да се темели и да функционира според одредени принципи. Тоа се универзалност,...

Хан навестува деблокада во решавањето на спорот за името

Еврокомесарот за пристапни преговори на Европска Унија, Јоханес Хан, денеска, по средбата со вицепремиерот за европски прашања, Фатмир Бесими, во Брисел, одговарајќи на новинарско прашање, го коментираше процесот на решавање на спорот за името со Грција. - Разговараме во овој момент за тоа како да...

Дескоска: Вељаноски, констатирај ги оставките!

Ова што се случува во Собранието наликува на пародија. Собранието ќе оценувало дали пратениците од опозицијата, кои се во оставка, се оправдано или неоправдано отсутни!, истакна на денешната прес-конференција Рената Дескоска, членка на ИО на СДСМ. - Станува збор за трагикомичен обид на собранискиот спикер да...

Повелба за солидарност: Да се одложи плаќањето на придонеси за хонорарците

Да се одложи законот за плаќање придонеси за задолжително социјално осигурување за хонорарците, бараат потписниците на Повелбата за солидарност на синдикатите и на здруженијата за заштита на работничките права. Тие сметаат дека ако се донесе, овој закон дополнително ќе ги намали правата на работниците. Оттаму...

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...