fbpx

Жељко Јоксимовиќ и Зоран Милески и официјално нови кумови на Водици – 2015 во Охрид

-

Здружението на граѓани „Богојавление“, денеска и официјално ги избра новите кумови за манифестацијата Водици – 2015, во Охрид. Како што претходно веќе беше неофицијално објавено, тоа се балканската музичка ѕвезда Жељко Јоксимовиќ и бизнисменот Зоран Милески.

Еден од кумовите, скопскиот бизнисмен Милески, кој четирипати досега аплицирал за кумство, искажа благодарност за укажаната чест, додека Жељко Јоксимовиќ ќе се обрати до крајот на денот со писмено соопштение. Српската и балканска музичка ѕвезда пројави желба да биде кум на Водици во Охрид пред една година кога, за истиот празник, одржа концерт во салата „Билјанини извори“.

– Жељко Јоксимовиќ телефонски контактираше со мене и со здружението „Богојавление“ за да ја осигури својата кандидатура. Беше доставена и писмена апликација, во согласност со статутот на здружението – рече градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, и сè уште актуелен кум на Водици.

Предавајќи го кумството, Бакрачески истакна дека со изборот на Зоран Милески и на Жељко Јоксимовиќ, празнувањето на Водици во Охрид добива интернационална димензија, што ќе придонесе за уште поголема промоција на културните вредности и традиции на градот надвор од границите на нашата земја.

Празникот Водици во 2015 година првпат ќе се одбележува четири дена, со богата културно-забавна програма, која допрва ќе биде дефинирана.

Бидејќи временски се совпаѓаат, охридската манифестација Водици-Богојављение – 2015 и Вевчанскиот василичарски карневал – 2015, ќе ги разменуваат најатрактивните содржини, со што посетителите ќе добијат нов квалитет, а кој, како што се најавува, ќе донесе многу гости од целиот балкански простор.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Атлантик: Со среќа во борбата против дезинформации

Угледниот американски магазин Атлантик објави опширен напис, во авторство на Квинта Џуресик, со наслов „Со среќа во борбата против дезинформациите“. Сторијата се однесува на Ник Сојер, доктор во Калифорнија....