fbpx
Македонија Страница 1520

Македонија

Штипјани кажаа „Не“ за делумната аболиција

Под мотото „Не за делумна аболиција“, почна протестот на „Шарената револуција “ во Штип. Граѓаните со транспаренти се собраа пред зградата на Основниот суд во Штип од каде тргнаа кон центарот на градот. Штипјани не се согласуваат со одлуката на претседателот, Ѓорге Иванов за делумно...

„Форбс“: Орце Камчев е најбогатиот Македонец

Кралот на челикот, Минчо Јорданов, повеќе не е најбогат човек во Македонија, покажа најновата листа на угледниот економски магазин „Форбс“. По три години на тронот него го замени, Јордан (Орце) Камчев.  Камчев е на првото место со 22, 8 милиони евра вредност на компаниите „Кара“, „Орка“,...

Во Лешочкиот манастир осветен мермерен крст поставен во чест на руски монаси

Во Лешочкиот манастир, денеска беше осветен мермерен крст поставен во чест на руски монаси. Крстот го освети Архиепископот на Македонската православна црква г.г. Стефан, а е поставен во чест на 35 руски монаси од Валамскиот манастир, кои по Октомвриската револиција во 1926 година пребегнале во Лешочкиот...

ВМРО-ДПМНЕ ја поздрави одлуката на претседателот Ѓорге Иванов

ВМРО-ДПМНЕ ја поздрави одлуката на претседателот, Ѓорге Иванов да ја искористи можноста предвидена во Законот за изменување и дополнување на Законот за помилување. „ВМРО-ДПМНЕ беше прва партија која јавно излезе со став дека одлуката за аболиција не е во согласност со нашите политики. ВМРО-ДПМНЕ прва предложи четворицата...

Судот им го продолжи куќниот притвор на Савески и Куновски од Левица

Кривичниот суд денеска им го продолжи куќниот притвор за уште 30 дена на членовите на Левица, Здравко Савески и Владимир Куновски, кои се обвинети за демолирање на народната канцеларија на претседателот Ѓорге Иванов, на протестите против аболицијата од 13 април. Судскиот процес против Савески и...

СДСМ: Иванов ја продлабочи кризата, само целосно поништување на аболицијата е решение

Денешната одлука на лицето Ѓорге Иванов е уште едно, ново кршење на Уставот, што дополнително ја продлабочува и онака длабоката политичка криза во земјава, реагираат од СДСМ на денешната одлука на претседателот за повлекување на аболицијата за 22 лица. „Аболицијата мора целосно да се поништи...

ВМРО-ДПМНЕ бара апсолутно мнозинство во комисијата за отповикување на Иванов

Шест од вкупно 11 членови во новата комисија која ќе треба да ја оцени основаноста на предлогот за покренување постапка за утврдување одговорност на претседателот Ѓорге Иванов да бидат од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, предложи Зоран Илиоски, претседател на комисијата за прашањата за изборите и именувањата. Останатите...

СЈО за одлуката на Иванов: Поништувањето на аболицијата треба да важи за сите

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) денеска нема да излезе со коментар за одлуката на претседателот, Ѓорге Иванов за поништување на помилувањата за 22 политичари, бидејќи сè уште не знаат за кои лица се однесува одлуката на претседателот, изјави за „Мета“, портпаролката на СЈО, обвинителката Ленче...

„Протестирам“: Не прифаќаме парцијално повлекување на аболицијата

Граѓанското движење „Протестирам“ денеска порача дека не прифаќа половично повлекување на аболицијата и оти ќе продолжат да протестираат на улиците. „Не запираме! Парцијално повлекување на аболицијата не прифаќаме! Половична правда е неправда! Нема да запреме додека не се повлече аболицијата целосно. Не неколку, туку сите...

Иванов ја поништи аболицијата на 22 политичари, другите треба сами да побараат

Претседателот, Ѓорге Иванов ги поништи помилувањата за политичарите, односно за 22 лица од вкупно 56, колку што беа аболирани на 12 април. Другите, кои не се опфатени со денешната одлука, рече Иванов, имаат можност да поднесат лични барања за повлекување на помилувањето. - Денес донесов...

Осветен крст во Лешочкиот манастир во чест на руски монаси

Архиепископот на Македонската православна црква г.г. Стефан денeска го освети мермерниот крст во Лешочкиот манастир, во чест на 35 руски монаси од Валамскиот манастир, кои по Октомвриската револуција, пребегале во овој манастирот во Лешок, каде престојувале две години. - Крстот нека биде надеж за ова...

Иванов во 15.15 часот ќе им се обрати на граѓаните

Претседателот на државата, Ѓорге Иванов денеска во 15.15 часот ќе има обраќање до граѓаните на Република Македонија, соопштија попладнево од неговиот кабинет. Во најавата од кабинетот на Иванов не е наведено што ќе биде тема на обраќањето, но се очекува тоа да биде во врска...

Даниелсон: Императив е да се повлече аболицијата од Иванов

Политичките партии и релевантните власти мораат итно да се справат со ситуацијата, во интерес на граѓаните за да ја вратат земјата на евроатлантскиот пат. Договорот од Пржино е од огромно значење. Политичките лидери мора да го зачуваат и почитуваат нивниот политички договор и клучните...

Димовски: ВМРО-ДПМНЕ нема да гласа за одговорност на претседателот

Иванов не го прекршил Уставот без разлика дали некому тоа му се допаѓало или не. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и нивните коалициски парнтери, за предлогот за формирање комисија за утврдување одговорност на претседателот Иванов, ќе гласаат против, информираше денеска во Собранието, координаторот на пратеничката...

ЗНМ: Менаџментот на „Телма“ смислено ја чисти телевизијата од критички новинари

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) изразува загриженост за последните случувања во телевизија „Телма“. Бркањето на 12 искусни и познати новинари претставува сериозно кршење на социјалните права на новинарите и понатамошно влошување на состојбата со слободата на медиумите - велат од ЗНМ. „Тврдењата на менаџментот на телевизијата дека укинувањето...

Сообраќајот на автопатот Катланово – Велес се одвива по една лента

На патниот правец Катланово-Велес е воведена привремена измена на режим на сообраќај поради изведување градежни работи, односно осветлување на тунелот Бел Камен, соопшти ЈП „Македонија пат“. Сообраќајот ќе се одвива по една коловозна лента за што е поставена соодветна сигнализација.

Тачи – Даниелсон: Единствен излез од кризата е вистински политички дијалог

Причинителите на кризата ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ продолжуваат со еднострани и неодговорни одлуки за прашања кои беа дел до преговорите и за кои требаше да се постигне консензус меѓу најголемите политички партии, со посредство на претставниците на САД и ЕУ, истакнал претседателот на ДПА, Мендух...

Кривичниот суд од 1 јуни воведува едношалтерски систем за потврди и уверенија

Сите уверенија и потврди од казнена и кривична евиденција од 1 јуни ќе се поднесуваат и издаваат на еден шалтер во зградата на Кривичниот суд, соопшти денеска Основниот суд Скопје 1. „Уверенија дека не е изречена забрана за вршење на професија, дејност или должност, како...

Груевски со Даниелсон: Приоритет на ВМРО-ДПМНЕ е нормализирање на состојбата

Актуелната влада има легитимен мандат до 2018 година, но како партија ВМРО-ДПМНЕ е подготвена тие да се одржат и порано доколку опозицијата изрази подготвеност да излезе и се соочи со граѓаните, посочил претседателот на владејачката партија, Никола Груевски на денешната средба со директорот на...

Ахмети и Даниелсон разговарале за спроведувањето на Договорот од Пржино

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети денеска во седиштето на Европската Унија во Скопје се сретна со Кристијан Даниелсон, директорот на директоратот за проширување на ЕУ и со евроамбасадорот Аиво Орав. Како што соопштија од ДУИ на средбата се разговарало за последните случувања во државата,  за...
Горан Стефановски фото: Општина центар

УКИМ ќе основа Фондација „Горан Стефановски“

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ) соопшти дека денеска донел одлука за основање на Фондација „Горан Стефановски“. Одлуката ја донел Сенатот на УКИМ, во очи роденденот на...