fbpx

Бројот на склучени договори со тутунарите намален за 17 проценти

-

Тутунската индустрија бележи пад во сите сегменти од производство на тутун, склучени договори со тутунарите, засадени површини и цена на тутун.

За реколтата 2015/2016 година, склучени се 28.454 договри со тутунарите, што е за 17 проценти помала бројка во однос на минатата година, кога бројот на склучени договори изнесувал 34.500.

Во 2014 година, засеаната површина со тутун изнесувала 14.030 хектари, што е за 17 проценти помала површина во однос на 2013 година, кога биле засеани 19.806 хектари земја.

Исто така, лани се откупени 24.857 тони тутун, што е за 20 проценти помалку од 2013 година.

И кај просечната цена на откуп има намалување и таа изнесува 117 денари, за разлика од претходната година кога килограм тутун чинел 152 денари.

– Во однос на очекувањата за 2015 година, тешко дека ќе се достигне просекот од 25.000 тони откупен тутун. На ова влијаат неповолните временски услови, помалку засадени површини, послаба процена на квалитетот на тутунот од компаниите. Сепак, за 2015/2016 се очекува добар квалитет на тутунот – изјави Васко Ристевски од Стопанска комора.

Вкупниот извоз на тутун и на тутунски производи изнесува 24.720 тони, што е намалување за 14 проценти во споредба со 2013 година.

Вредноста на извезениот тутун и на тутунските производи е 146.200.000 долари, што претставува намалување за 35 проценти во однос на 2013 година, кога извозот бил 187.000.000 долари.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...