fbpx

АИ: Кинезите се најдобри кон бегалците, а Русите најлоши

-

Кинезите се народ кој најдобро ги дочекуваат бегалците, соопшти меѓународната организација за човекови права Амнести интернешнл (АИ), додавајќи дека веднаш зад нив се Германците и Британците.

Русија, Индонезија и Тајланд се на дното на листата на извештајот за однесувањето на земјите кон бегалците, која е направена врз основа на анкета од околу 27.000 лица од 27 земји. Најмалку 32 отсто од испитаниците од сите земји рекле дека би прифатиле бегалец да живее во нивното соседство, 47 отсто во нивниот град и 80 отсто во нивната земја.

Околу десет отсто од испитаниците би примиле бегалец во својот дом, но тој процент во Кина изнесува 46 отсто, поради што земјата е на првото место на ранг-листата.

Русија е на последното, 27 место затоа што само еден отсто од Русите се согласиле да прифатат бегалци во својот дом, се наведува во соопштението на организацијата.

АИ додава дека Грција и Јордан, кои примиле голем број сириски бегалци, се на ранг-листата на 10 земји со наголемо гостопримство кон бегалците.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...