fbpx

Жирафата Флопи угинала од тумор на црниот дроб, соопшти Зоолошката градина

Ракот на црниот дроб се смета за „тивок убиец“, а кај Флопи агресивен карцином веќе метастазирал и во белите дробови, кој тешко се дијагностицира во рана фаза, соопштија од ЗОО Скопје

-

Oфицијалните резултати од обдукцискиот наод за угинувањето на жирафата Флопи, покажал дека тој угинал како резултат на малиген тумор во црниот дроб и метастази во белите дробови, соопшти скопската Зоолошка градина. Овој резултат бил добиен врз основа на патохистолошки наод и микробиолошкиот и молекуларен наод од Факултетот за ветеринарна медицина.

„Оваа подмолна болест е една од најфаталните во 21 век, од која како и луѓето, страдаат и голем број животни. Ракот на црниот дроб се смета за „тивок убиец“, а кај Флопи агресивен карцином веќе метастазирал и во белите дробови, кој тешко се дијагностицира во рана фаза“, соопштија од ЗОО Скопје.

Оттаму додаваат дека 27 ноември бил трагичен ден, прво со веста за починувањето на нивниот колега Ристе, а неколку часа подоцна и жирафата Флопи.

„Сè уште сме тажни поради оваа голема загуба, бидејќи во ЗОО Скопје вработените и животните, сите заедно, сме едно големо семејство. Флопи ќе го паметиме по неговата грациозност, специфичните шари на телото, неговата голема љубов кон зоонегувателите импосетителите, како и по мирниот карактер. Еден дел од нашите срца засекогаш ќе остане празен после неговото заминување“, велат од установата.

За само половина година, во скопската зоолошка градинка угинаа две жирафи – Каспер и Флопи, кој угина само неколку часа по смртта на нејзиниот негувател Ристе Трајковски, кој беше познат во јавноста по неговата блиска врска со овие животни.

Директорот на Зоолошката градина, Зоран Попов, ги избегнуваше новинарите и медиумите по угинувањето на Флопи и не одговараше на повиците.

Пред да замине Флопи, во мај годинава угина и жирафата Каспер. Сега во скопската зоолошка нема жирафа.

Во јули годинава, пак, пцовисаа и три пржевалскиеви коња во скопската зоолошка градина, исклучително ретка и скапа раса која потекнува од Монголија, кои живееле во австриски национален парк пред да бидат донесени во Скопје преку донација од македонска фирми. Коњите угинаа во рок од 24 часа. По извршеното вештачење, Зоолошката градина објави дека монголските коњи биле отруени со брзоделувачки отров. Иако во соопштението се велеше дека ќе бидат испитани снимките од камерите во градината за да се открие сторителот на труењето, сè уште нема никакви информации за тоа кој го ги отрул коњите.

Сè повеќе угинати животни, сè помалку одговори од скопската Зоолошка градина

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...