fbpx

Жена се задушила од чад во својот дом

-

Будимка А. (77) од виничкото село Црни Врв се задушила во пожар во својата куќа. Пожарот, од засега непознати причини, избувнал во вечерните часови во една од собите од куќата, сопственост на Будимка А., додека таа спиела.

Пламенот набрзина ги зафатил собите. Огнот во куќата го забележале соседите, кои веднаш ја повикале бригадата за противпожарна заштита и ја известиле полицијата. Пожарникарите што дошле во Црни Врв го изгаснале пожарот, но не можеле да ја спасат сопственичката, која била пронајдена мртва во собата во која спиела. Смртта е констатирана од доктор од здравствениот дом во Виница, кој потврдил дека жената починала од преголема доза вдишан јаглероден моноксид.

Увид на местото на настанот извршила полицијата, која работи на утврдување на причините за избувнувањето на пожарот во куќата на Будимка.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Реакции по одлуката Саудиска Арабија да го предводи форумот за правата на жените на ОН

Саудиска Арабија е избрана да биде претседавач со комисијата на Обединетите Нации што ја промовира родовата еднаквост, а одлуката е критикувана од групи за човекови права поради исклучително лошото...